ЦУК: Владата до Собрание да достави предлог за продолжување на кризната состојба за 30 дена

by Фокус

Групата за процена во Центарот за управување со кризи бара продолжување на кризната состојба во државата за нови 30 дена.

-Беше оформен предлог до Управачкиот комитет за координација во Системот за управување со кризи, Владата на Република Северна Македонија да достави предлог до Собранието на Република Северна Македонија за продолжување на прогласената кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на потоење на пандемија“, беше одлучено на денешната втора седница на Групата за процена со раководеше, в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Истовремено, како што се наведуваво соопштението, институциите во Системот за управување со кризи продолжуваат со активностите согласно Акцискиот план за превенција и справување со ширењето на заразната болест.

Поврзани новости