Судењето за „Насилство во Центар“ ќе продолжи на 19 април, ќе се испрашуваат уште двајца сведоци

by fokus

На 19 април ќе продолжи судењето за „Насилство во општина Центар“, кога треба да бидат испрашани уште двајца сведоци. На денешното рочиште екс градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски одговараше на прашањата на одбраната.

Обвинети во овој случај се поранешниот премиер Никола Груевски, екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и уште девет други лица. Сите денеска во судницата се изјаснија за невини.

Специјалното јавно обвинителство пуштило инспекција во установата од каде е издадено боледувањето за обвинетиот Милан Андоновски, по што е утврдено дека имало пропусти при издавањето на истото, односно недостасувале лабораториски анализи. Претходно, обвинителката Фатиме Фетаи побара притвор за Андоновски, но судот го одби со образложение дека тој имал боледување.

Претходно, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски кои добија условни казни.

Поврзани новости