Судењето на Грујевски и Бошковски во Солун одложено за 1 декември

by fokus 16:05
16:05

Судењето за лажните бугарски пасоши на Груејевски и Бошковски во Судот во Солун е одложено за 1 декември, објави ТВ 24.

Тие на 18 декември беа уапсени на аеродромот во обид со лажени пасоши и идентитети да избегаат во Будимпешта. Беа изведени пред судот во петокот, но поради немање преведувач судењето беше презакажано за денеска.

- Advertisements -

Денеска, тие и нивните адвокати од Грција и еден од Македонија со часови чекале во судницата за да се појави преведувач. Во судницата Грујевски и Бошковски влегле со капчиња на глава и тренерки.

Претходно грчки медиуми јавија дека Грујевски и Бошкоски може да бидат екстрадирани кон крајот на ноември или во првите недели на декември годинава, а дотогаш ќе бидат во притвор во Грција.

 

Поврзани новости