Јалови обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за изборен фалсификат, првиот круг без прегласување

by fokus

Нема да има прегласување во ниедна општина и резултатите за првиот круг на локалните избори стануваат конечни, велат од Државната изборна комисија. Управниот суд се произнесе за сите 28 тужби од политичките партии против решенија на ДИК, но ниту еден не беше прифатен.

Судот уважи една од 24-те тужби на ВМРО-ДПМНЕ за поништување на гласањето на избирачко место во општина Сарај за членови на Совет на Град Скопје, но судечкиот совет донел решение со кое го одбива приговорот на ВМРО-ДПМНЕ. Во одлуката на судечкиот совет на Управниот суд пишува дека „резултатите од гласањето по листите на кандидати за избор на членови на Советот на Град Скопје, за гласачкото место 2461 – општина Сарај, се потврдуваат“.

Од ДИК велат дека со тоа конечни стануваат резултатите за сите општини за кои имаше приговори, како Град Скопје, Радовиш и Гостивар. Во Сарај ќе има втор круг на локалните избори, но за избор на градоначалник.

Државната изборна комисија официјално ги очекува одлуките на Управниот суд, по што повторно ќе одржи седница на која ќе бидат соопштени конечните резултати за овие општини.

Втор круг на изборите ќе има во 35 општини на 1.517 избирачки места. Од скопските општини втор круг за градоначалник ќе има во Гази Баба, Кисела Вода, Бутел, Шуто Оризари, Чаир и Сарај.

Поврзани новости