Студено време за Божиќ

by Фокус

Божиќните празници ќе поминат во студено време, што е очекувано за овој период од годината, иако минатите години било регистрирани и многу пониски температури.

Најниски нула степени утрово се измерени во Тетово, Маврово и Лазарополе, еден степен е измерен во Крушево, а два во главниот град – Скопје.

Потопло е Куманово, каде се измерени три степени целзиусови, додека повисоки температури за неколку степени се измерени во Берово, Охрид, Прилеп, Крива Паланка, Струмица, Битола…

Поврзани новости