Државниот врв на литургија во Соборниот храм

by Фокус

Највисоките државни претставници, по повод големиот христијански празник Рождество Христово – Божик, денеска присуствуваа на литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, со која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската правослвна црква- Охридска Архиепископија г.г. Стефан.

Претседателот на државата Ѓорге Иванов им го честиташе празникот на сите верници кои го слават денеска Божик.

– Многу здравје, многу радост, многу љубов. Празниците се момент за потсетување и поука, да не поучат дека сите искушенија можеме да ги совладаме со добри мислаи, добри зборови и добри дела – порача шефот на државата.

И премиерот Никола Груевски на верниците им посака пред се здравје, но и многу љубов, спокојство во семејствата, успех во кариерата.

Првиот парламентарец Трајко Вељаноски, пак, честитајќи го Божик посака мир и спокој, здравје, среќа, љубов и успех на личен и на професионален план, како и Македонија да чекори напред.

– На Република Македонија што побргу интегрирање во меѓународните организации, а на нас политичарите што подобри и поразумни одлуки затоа што на земјата токму оваа година ќе и треба повеже разум отколку емоции, поразумни одлуки за просперитет на Република Македонија и на граѓаните – истакна Вељаноски.

 

 

Поврзани новости