403
Oпштина Струмица ќе гради нов НВО центар за граѓанските организации. Ова беше одлучено на граѓанскиот проектен форум организиран од Центарот на заедницата и општина Струмица, каде се дебатираше за осум проекти од стратегиите за млади, образование, социјална заштита и соработка со невладините организации.
Изградбата на новиот НВО центар во Струмица ќе чини 2,2 милиони денари, пари што ќе се обезбедат од Општина Струмица и Фондацијата Отворено општенство Македонија.
Центарот ќе има канцеларии за граѓанските организации и мултимедијална конференциска сала каде ќе ги реализират своите трибини, дебати и проектни активности, а изградбата треба да биде завршена во текот на оваа или наредната година.