Стравот од тероризам ја затвора Европа, шенген зоната доведена во прашање

by Fokus

Слободата на движење, нешто со што се гордееше Европската унија, може да биде драстично ограничена, по се почестите терористички закани и стравувањата од прелевање на војна од Израел на Запад.

Неодамнешните терористички напади на европско тло, војната меѓу Хамас и Израел и зголемувањето на бројот на демонстрации вршат зголемен притисок врз владите да ја зајакнат безбедноста, а судбината на Шенген зоната е доведена во прашање.

Во меѓувреме, Европа добива закани од Хезболах, либанските исламисти кои се повеќе разменуваат оган со Израел.

Во понеделникот во Брисел, исламист од Тунис, кој како мигрант пристигна во Европа во 2011 година, уби двајца шведски државјани. Тој наводно извикал „Алаху акбар“, а на интернет се појави видео на кое тој тврди дека е член на ИСИС.

По нападот, Шведска повика на зголемени безбедносни мерки.

Блокот на ЕУ треба да ги заостри граничните контроли и внатрешната безбедност, рече шведскиот премиер Улф Кристерсон како одговор на терористичкиот напад за кој се верува дека е одговор на неодамнешното палење на Куранот во Шведска.

Поврзани новости