Обвинителството ја запре истрагата за „Делчевски ниви“ бидејќи немаше докази, Ковачевски да се извини, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

„Делчевски ниви”, уште една распрсната лага на СДС, Ковачевски и нивните апологети, истрагата се прекинува од обвинителството на Ковачевски затоа што нема докази, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Со месеци за ова СДС, Ковачевски и неговите апологети лажно обвинуваа за вмешаност на претседателот Мицкоски. Сега кога има потврда дека нема вмешаност на Христијан Мицкоски, СДС и Ковачевски треба да се извинат.

СДС, Ковачевски и нивните апологети конструираа случај каде што го нема, партискиот наратив се сведуваше на лаги за некаков криминал во таканаречениот случај „Делчевски ниви”. Сега откако ЈО го затвори предметот, заради немање на докази за криминал, сите обвинувања на СДС паднаа во вода, се испостави дека лажеле со цел да нанесат штета на ВМРО-ДПМНЕ со измислени афери“ се вели во партиското соопштение.

Од опозициската партија очекуваат извинување од премиерот Ковачевски, со, како што велат, истиот жар и интензитет, со кој што лажел за некаков криминал.

Поврзани новости