Стотици донатори на ВМРО-ДПМНЕ свикани во СЈО

by fokus 20:44
20:44

Врз основа на необјавени прислушувани разговори во Специјалното јавно обвинителство е отворена големата предистражна постапка за донаторите на ВМРО-ДПМНЕ, објави Телма.

Во СЈО ниту потврдуваат ниту демантираат, но според она што може да се провери од крајот на октомври досега трае таа постапка, на разговор биле повикани стотици поединечни донатори на партијата.

Истрагата е почната врз основа на разговори од нелегалното прислушување во кои партиски функционери во детали објаснувале како и каде да се уплатат парите, и на чии имиња да гласат донаторските уплатници во банка. Уплатниците биле пополнувани на иста сума. Дел од сведоците ги уверувале истражителите на СЈО дека сами уплаќале донација, а други пат тврдат дека никогаш не донирале пари.

Поврзани новости