Државата пред нафтена криза, се чека новата влада да го отвори нафтоводот до Скопје

by fokus

Резервите се тенчат – државата е пред нафтена криза, со денови алармираат увозниците, кои се заглавени на граничниот премин „Евзони” од страна на грчките земјоделци.

Групацијата Хеленик Петролеум ја обвини Владата дека две години не дава дозвола да профункционира нафтоводот од Солун до Скопје, па затоа е можно да дојде до криза со снабдувањето со горива. Владата одбивала да даде дозвола за негова работа, повикувајќи се на различни технички причини.

Тој престана да работи во 2013 година, кога ОКТА престана да произведува нафтени деривати, а стана клучен увозник за 70 отсто од потребите на горива. Според изјавите на ОКТА, нафтоводот е исчистен и подготвен за пренос на деривати и чека дозвола од македонска страна.

Од Министерството за економија пак, велат дека се чека новата влада да даде зелено светло за отворање на нафтоводот.

Во меѓувреме, владата информира дека камионите кои превезуваат нафта и нафтени деривати, покрај на граничниот премин Богородица, ќе може да поминуваат и на граничните премини Дојран и на Меџитлија

Оваа одлука била донесена на денешната владина седница, а времениот режим ќе почне да важи од вечерва и ќе трае до 5 март.

 

Поврзани новости