Столтенберг: Скопје и Атина да бидат флексибилни во преговорите

by fokus

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска на прес-конференција во Брисел ги повика Македонија и Грција да бидат флексибилни во преговорите за името.

-Јас би бил многу внимателен и не би шпекулирал околу можноста за договор. Имаме посредник на ОН, кој сега изложува некои предлози како да се реши прашањето за името. Се надевам дека актуелните иницијативи ќе доведат до такво решение. Навистина се надевам дека е можно решение, кое ќе го реши проблемот, кој долго време постои меѓу ПЈР Македонија и Грција и кое ќе ѝ овозможи да стане членка на Алијансата. Затоа, ги повикувам да бидат флексибилни, рече Столтенберг.

Поврзани новости