Столтенберг: Одложувањето на помошта за Киев имаше последици

by Fokus

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека новиот пакет помош за Украина не пристигнува предоцна, но призна дека одложувањето имало последици.

„Не е доцна, но секако доцнењето имаше реални последици. Веќе со месеци, Украинците се оневозможени да дејствуваат“, рече тој за МСНБЦ.

Столтенберг се пожали дека Русија има многу повеќе муниција, додека Украинците биле принудени рационално да ја користат својата. Тој додаде дека на украинската армија и е се потешко да соборува ракети и беспилотни летала бидејќи и недостига муниција за системи за противвоздушна одбрана.

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои нацрт-закон за воена помош за Украина во вредност од 61 милијарда долари. Предлог-законот сега оди на гласање во Сенатот, а доколку биде усвоен, претседателот Џозеф Бајден ќе го потпише и ќе стане закон.

Поврзани новости