(Видео) Пожар во фабрика во Русија, има загинати и повредени

by Fokus

Голем пожар изби во електромеханичката фабрика „Елмаш“ во рускиот град Воронеж, пренесуваат руските медиуми. Според првичните податоци, загинале три лица, а две се повредени.

Антон Герашченко, поранешен советник на украинското Министерство за внатрешни работи, пренесе дека локалните медиуми јавуваат дека пожарот зафатил околу 3.000 метри квадратни.

Во фабриката се произведуваат менувачи, мотори, сопирачки, индустриски вентилатори и слично.

Се расчистуваат околностите и последиците од инцидентот

Поврзани новости