Северна Кореја демонстрира сила: Повторно лансира проектил

by Fokus

Северна Кореја денеска истрела ракета која би можела да биде балистичка ракета, соопшти јапонското Министерство за одбрана, а пренесува Кјодо.

Војската на Јужна Кореја, исто така, соопшти дека Северна Кореја лансирала неодредена балистичка ракета кон Источното Море.

Во соопштението на генералштабот на јужнокорејската армија не се дадени повеќе детали бидејќи анализата е во тек, наведува агенцијата Јонхап.

Северна Кореја претходно соопшти дека извршила тестирање за јачина на „супер голема боева глава“ за стратешка крстосувачка ракета и дека во петокот истрелала нова противвоздушна ракета во Жолтото Море.

Поврзани новости