Стојаноски: Без кривично гонење, државата тешко ќе ги наплати испумпаните милиони преку поврат на ДДВ

by Фокус

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, денеска на прес-конференција истакна дека систем од компании подолг период црпеле пари по основ на поврат на ДДВ со фиктивни фактури и го оштетиле буџетот за милиони.

– Во мрежата од компании кои испумпале милиони често се менувале одговорни лица и сопственици. Во поголем број од случаите истите се лица кои што се од наши соседни земји и кои тешко се лоцираат. Буџетот е оштетен, а државата тешко без кривично гонење ќе може да ги поврати исплатените милиони, бидејќи компаниите преку кои се штанцани фиктивните фактури и се испупмани пари немаат имот за од истиот да се наплати долгот. Со жалење констатираме дека системот на контролен механизам во институциите е нефункционален, а тоа го потврдуваат случаите минатата година процесуирани од обвинителство за фиктивно фактурирање и злоупотреба на службена положба – рече Стојаноски.

Од СДСМ возвратија дека ВМРО-ДПМНЕ сака да ја загрози постапката која што е во тек и ја спроведуваат надлежни институции по налог на УЈП.

„Дека постои мрежа на нафтени компании кои сакале да го изиграат системот и да испумпуваат пари од буџетот јавно соопшти заменик претседателката на СДСМ и директорка на УЈП, најавувајќи детали за в понеделник. Случајот е откриен токму од УЈП, целата постапка на разоткривање и процедура за расчистување е веќе завршена и јавноста ќе биде запознаена со сите информации“, велат од СДСМ.

Поврзани новости