Стојаноска: Има повеќе причини за интерпелација на Џафери

by fokus

Резолуцијата за црвените линии не се однесува на внатрешни односи во Македонија на меѓуетнички план, туку на зацврстување на статусот во однос на преговорите за евроинтеграциите, изјави Дафина Стојаноска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ.

-Алијанса/Алтетнарита кочат со изјавите, ДУИ е со власта, но имаат спротивни ставови за ова прашање. Мислам дека Алијанса и Алтернатива тактизираат, играат политичка игра – рече Стојаноска на ТВ 21.

Таа додаде дека интерпелацијата за претседателот на Собранието Талат Џафери не е само поради зборување на албанскиот јазик во Брисел, туку и поради други причини.

-Не се почитува ниту Устав, ниту деловник, се злоупотребува европското знаменце, беше доведено и нашето здравјето во опасност со носење на заразени пратеници на гласање. Свесни сме дека нема да има некаква реакција од институциите, но деловникот ни овозможува да побараме инерпелација – рече Стојаноска.

Поврзани новости