645
Црвените линии не биле спорни, тие секогаш постоеле како што се сега во Резолуцијата, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Според него, на изборите во Бугарија во недела најдобра опција за земјава е да се формираат институциите.
-Ќе ги надминеме пречките, затоа што друга алтернатира за нас нема, тој е евроинтеграцискиот пат. Новото јуни е септември, ако не е септември, тогаш октомври. Ние ќе продолжиме и не се откажуваме. Нема поподготвена земја од нас за преговори за членство со ЕУ -рече Османи на Сител.