Залудни се напорите на Европската унија да ја принуди Унгарија да ја укине забраната за промовирање на хомосексуалноста во училиштата, изјави денеска премиерот Виктор Орбан на денот кога стапи на сила контроверзниот закон.
-Владата нема да дозволи ЛГБТ активисти да влегуваат во училиштата – порача Орбан.
Инаку, новиот закон забранува прикажување и промовирање на родов идентитет, освен полот по раѓање, промена на полот и хомосексуалноста на возраст под 18 години во училиштата, на телевизија и во реклами.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја предупреди Унгарија дека мора да го укине законот, во спротивно европскиот закон ќе важи за земјата.
Но, Орбан одговори дека само Унгарија има право да одлучува како ќе ги образува и воспитува своите деца.