Сто дена војна меѓу Израел и Хамас

by Фокус

Војната меѓу Израел и милитантната група Хамас, која САД и ЕУ ја прогласија за терористичка организација, на 14-ти јануари влезе во 100-тиот ден.

Претходно, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека „никој нема да не спречи“ да ја уништиме милитантната група.

Конфликтот предизвика хуманитарна криза, со повеќе од 23.000 загинати лица во Газа.

Голем дел од опколената палестинска територија беше претворена во урнатини.

Војната во Газа започна на 7 октомври, кога милитантите на Хамас започнаа напад од Појасот Газа.

Нападот резултираше со околу 1.140 смртни случаи во Израел, главно цивили.

Поврзани новости