Континуираното непочитување на мерките, опуштање на граѓаните во однесувањето, го гледаме сега пресликано во бројките, оцени во вечерашната “Топ Тема”, директорката на инфективната клиника, доктор Милена Стевановиќ.
-За мене како професионалец, неприфалтиво е во оваа ера кога светот гори од Ковид-19, да биде неопходна закана од казнена мерка за да некој човек преземе едноставни мерки да се заштити себеси и своите блиски, навистина тоа не ми е прифатливо, подвлече Стевановик.
Во однос на бројот на големиот број починати од корона вирусот во Македонија, таа изјави дека причините се повеќеслојни и комплексни и за да се најде одговорот потребно е темелно испитување во нормални услови, што не може да се направи во период на пандемија.
-Од луѓето кои ја губат битката со Ковид -19, 72% се со опасни коморбидитети и тоа по 2 коморбодитети, висок крвен притисок, шеќерна болест, срцеви заболувања, хематолошки болести, изјави директорката на инфективна клиника.
Таа подлвече и дека воочливо е дека дел од луѓето кои починале дошле предоцна во болницата.
-Над 50 % од болните се дојдени најмалку 7 дена по почетокот на болеста, а дел од нив и по 10 дена од заболувањето, кога веќе имаат тешка болест, со развиени тешки симптоми и последица, за кои грижата е исклучително тешка и сложена, појасни директорката.