Мицкоски: Не ви треба докази кога цел народ видел како директор на фонд трпа пари во ташна!

by fokus

Ќе имаме надзорна расправа не само за струјата, ќе имаме и за „Еуростандард банка“, ќе имаме и надзорна расправа за сите злоупотреби што ги гледаме на европските фондови, оние со тендерирањето за магарињата, потоа за онаа берберница што земала баснословни суми на пари, истакна вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто на Канал 5 телевизија.

Мицкоски посочи дека со СДСМ на власт пропаѓаат банки, се поскапува електрична струја, а со тоа, како што истакна, не се придонесува за подобар живот кој што го ветуваа.

Во однос на тоа дали имаат доставено докази во Обвинителството за она што ги тврдат, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека се доставени сите докази до Обвинителството и оти нема резултат.

– Резултатот е никаков, нула и никогаш нема да биде. Па не треба докази да го видите вие еден директор на државен фонд како трпа пари во ташна. Не треба да имате докази, цел народ видел. Нека отворат истрага, нека проверат дали земал заем. Ако е заем, во ред, ќе речеме алал да му е на човекот земал заем го вратил чесно итн. Нека отворат истрага. Денеска во медиумите прва вест е тоа дека Обвинителството кое што поднело преставка против сопственикот на одреден ресторан ќе добиел казна не знам каква, а Мицкоски не бил казнет. А за ова не сме слушнале да речеме дека отвориле истрага, до каде е истрагата, со што се располага во таа истрага, образложи Мицкоски.

Во врска со поскапувањето на електричната енергија Мицкоски истакна дека ако се спореди цената по киловат час која што ја плаќаат македонските граѓани визави просечната плата во државата сме во топ три држави во Европа

– Поскапувањето е многу повеќе бидејќи не се само тие 7,4 проценти, на тоа додадете и ДДВ така што ќе дојде богами 10-ина проценти. Ако ја споредите цената по киловат час која што ја плаќаат македонските граѓани визави просечната плата во државата сме во топ три држави во Европа. Трошоците на производство имаат фиксна цена на чинење, а тоа е вработените коишто добиваат плата во рамките на тие компании коишто произведуваат електрична енергија, така што тој што работи во рудник да речеме во РЕК Битола и тој што работи во рудник Германија немаат иста план, посочи Мицкоски.

За тековните простети што ги спроведува ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на партијата потенцираше дека крајната цел на протестите е што побрзо да падне оваа власт која, како што рече, ја води државата во амбис и не нуди ништо.

Според него еден од легитимните начини да се протестира е улицата, вториот начин е Парламентот.

– Таму во Парламентот колку што може да видите, ВМРО-ДПМНЕ, а и другите опозициски партии едвај се борат за збор, посочи Мицкоски.

Поврзани новости