866
Потпреседателот на СДСМ, Коста Петров, на Форумот на канабис нагласи дека ставот на СДСМ е активно учество на партијата во процесот на декриминализација на канабисот.
-Самиот факт што сум тука значи дека ние во партијата сериозно дискутираме на оваа тема. Но ние сме модерна и европска партија и ги следиме процесите. Граѓанските организации имаат конкретни барања во врска со канабисот и ние мораме да зборуваме за нив. Ние во партијата зборуваме за ова и поддржуваме процес на декриминализација – рече Петров.
Тој ја нагласи важноста од едукација за декриминализацијата на канабисот од два аспекти – здравствениот и економскиот.