Ставен под контрола пожарот во Мармарис

by Fokus

Во тек се акции на гаснење на пожарот кој изби во подрачјето на Мармарис, во турската област Мугла, а поддршка во гаснењето има и од воздух, јави агенцијата Анадолија.

Пожарот од засега непознати причини избувнал во шумскиот предел на Турунч, а огнената стихија потпомогната од ветрот, многу брзо се проширила.

Хеликоптерите при Регионалната дирекција за шуми во Мугла, цистерните, машините и многу работници настојуваат да го изгаснат пожарот.

Според Анадолија, екипите вложуваат силни напори да го стават под контрола пожарот кој е во близина на населените места, а брзо се шири.

Поврзани новости