Стаменковски го предупредил Панчевски дека ја злоупотребува службената положба, но бил игнориран

by fokus 13:30
13:30

„Фокус“ дојде до документ (барање ) кое потврдува дека раководителот на човечки ресурси во скопскиот Кривичен суд Горан Стеменковски го предупредил претседателот Владимир Панчевски дека ја злоупотребува положбата со тоа што незаконски вработил судски администратор во судот.

Ова барање на Стаменковски очигледно е дека Панчевски го игнорирал затоа што една недела подоцна местото го добила Роза Кавазова, која пред тоа работела како службено лице за посредување со информации од јавен карактер во судот.

- Advertisements -

Претходно информиравме дека вработени во судот, кои го тужат Панчевски тврдат дека Кавазова е блиска пријателка на Панчевски и дека за неа претседателот на судот на 4-ти ноември распишал интерен оглас за позиција судски администратор, иако законот предвидува за таа позиција да биде распишен јавен оглас.

Панчевски во изјава за телевизијата Телма вели дека прв пат слуша за пријавата и оти надлежните институции треба да се занимаваат со неа. Барањето на Стаменковски, го демантира ова тврдење на Панчевски кој уште на 8 ноември 2016 година бил предупреден дека ја злоупотребува положбата и дека го прекршува Законот за судска служба. По, ова следува тужбата против Панчевски и од вработени во Кривичниот суд.

pt-1-1

pt-3

pt-2

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Поврзани новости