Судијката до правобранителката: Да му правите трошоци на Судот со одлагања на рочишта е несериозно

by fokus 14:20
14:20

удијката Добрила Кацарска од Основниот суд Скопје 1 го одложи судењето против членот на партијата Левица и кандидат за пратеник Мариглен Демири, откако на денешното рочиште ја искара претставничката од Државното правобранителство дека доцна ја доставила проценката за материјалната штета од кршењето на стаклото на канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов, објави СДК.

-Писмениот поднесок од Државното правобранителство сте го испратиле дури вчера. Јас го добив 10 минути пред судењево. Минатиот пат рочиштето беше одложено поради тоа што не сте биле подготвени. Државен правобранител да му прави трошоци на Судот со одлагања на рочишта е несериозно во најмала рака, рече судијата Кацарска и поради ненавременото доставување на извештајот за направената штета, судењето го презакажа за 24 јануари идната година.

- Advertisements -

Поврзани новости