„Веро“ воведува картичка за лојалност која обезбедува бројни попусти, заштеди и подароци

by fokus

Попусти, подароци, заштеда, поврат на пари, се само дел од поволностите што ги добиваат потрошувачите во маркетите на „Веро“ кои се сопственици на Веро картичката за лојалност. Тргнувајќи од желбата на своите редовни потрошувачи да им обезбеди максимално уживање и заштеда при пазарувањето, „Веро“ ја создаде програмата за лојалност во рамките на која се добива Веро картичка. Иако е новост, голем број граѓани кои секојдневно купуваат во маркетите на оваа компанија веќе се дел од програмата.

Преку програмата за лојалност на „Веро“, сите потрошувачи имаат можност да собираат поени при секојдневното пазарување и понатаму да ги искористат според сопствените желби и потреби. Односно, собраните поени може да ги искористат без никакво ограничување за да добијат различни попусти и други ексклузивни поволности.

Дел од програмата за лојалност стануваат сите потрошувачи кои се регистрирале во неа. Секој регистриран потрошувач добива една главна картичка и уште две дополнителни наменети за членовите на неговото семејство. При плаќањето на сметките направени во кој било маркет на „Веро“, поените од трите картички се собираат на една заедничка сметка и може да се искористат за намената за којашто се одлучил сопственикот на картичката.

– Програмата за лојалност е логичен след на одличниот однос што изминативе години го изградивме со нашите потрошувачи. Тоа е однос на заемна почит и доверба што треба да се негува и надградува. Токму поради тоа ги воведовме Веро картичките преку кои ги наградуваме нашите ценети потрошувачи, истовремено целосно почитувајќи ги нивните желби и потреби – велат од менаџментот на „Веро“.

Потрошувачите кои сакаат да бидат дел од програмата за лојалност може да аплицираат за Веро картичка на три начини. Регистрацијата се врши онлајн преку веб-страницата www.vero.com.mk, преку мобилната апликација Vero app каде што потрошувачот се регистрира со мобилниот телефон или директно со пополнување формулар на главната каса во кој било од десетте маркети на „Веро“ низ Македонија. Потрошувачите кои што се регистрирале онлајн поените ги собираат на својот мобилен телефон, но постои опција да добијат и картичка доколку тоа го наведат во онлајн апликацијата.

– Потрошувачите кои ќе пополнат апликација за програмата за лојалност во некој од маркетите на Веро, картичките ќе ги добијат веднаш. Тие што ќе аплицираат по електронски пат, доколку во апликацијата наведат дека сакаат да имаат и картичка,

нашите служби ќе им ја испратат на домашна адреса. Доколку потрошувачот ја заборави Веро картичката, тогаш може да собира Веро поени со кажување на мобилниот телефон регистриран во апликативната форма – објаснуваат од „Веро“.

Кога регистрираните потрошувачи ќе соберат 1.000 Веро поени, тие автоматски се регистрираат како 100 денари и може да се искористат во следното пазарување. За побрзо да си ги вратат парите, постои можност корисниците да се добијат и Бонус Веро поени со купување на конкретни производи кои во тој момент се на промоција.

Компанијата „Веро“ е присутна на македонскиот пазар веќе 20 години. Во моментов во десетте маркети во Скопје, Битола и во Тетово обезбедува работни места за околу 900 граѓани, а во својата понуда има голем број квалитетни производи од домашни и странски производители.

Поврзани новости