ССМ повикува и поведува на штрајк во јавниот сектор

by Fokus

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повикува и поведува на штрајк со цел заштита на економските и социјалните права на своите членови и на вработените во јавен сектор од работниот однос. Како што соопштија од ССМ, штрајкот е најавен за 22 јуни, а рокот за исполнувања на нивните барања е до 21 јуни оваа година.

Од ССМ соопштија дека штрајкот се организира за заштита на економските и социјалните права и остварување на следните барања од работен однос – склучување на Општ колективен договор за јавен сектор со утврдено зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2.806 денари во нето износ, согласно зголемувањето на минималната плата објавена во службен весник од 24 февруари 2022 година и утврдено право на регрес за годишен одмор во висина од 30 до 100 проценти од основицата.

Поврзани новости