ССМ: Европската конфедерација го поддржа нашиот Конгрес

by fokus

ССМ попладнево преку соопштение тврди дека генералниот секретар на Европската конфедерација на синдикати преку писмо го дал поддршка на претстојниот Конгрес.

-Во врска со претстојниот Вонреден конгрес на ССМ и информациите изнесени во јавноста за писмото упатено од Европската конфедерација на синдикати од страна на синдикатот на УПОЗ, ве информираме дека генералниот секретар на Конфедерацијата, Лука Висентини денеска упати писмо до ССМ во кое наведува дека ЕКС ја цени заложбата на ССМ за единство и за зајкнување на демократските процеси и дава поддршка на Конгресот и ги поздравува идните активности на Синдикатот во насока на градење на ССМ како независна и инклузивна организација, се вели во соопштението на ССМ.

Поврзани новости