Срушен рекордот на посетители во скопската зоолошка, 10.000 луѓе дојдоа да ги видат Дуња и Даела

by fokus

Зоолошката градина во Скопје денеска го сруши рекордот во продадени билети. Околу 10.000 луѓе дојдоа да ги видат новите жители на Зоолошката градина, слониците Дуња и Даела. Нивното живеалиште денеска беше официјално отворенио во рамки на настанот „За европска Зоолошка“.

Од Зоолошка градина велат дека паркот никогаш не бил попосетен. Редици од посетители можеа да се видат на влезот од Зоолошката, а вкупно биле продадени над 9.500 билети.

Слониците Дуња и Даела доаѓаат од Белгија. Едната е африканска, другата азиска слоница. Новото живеалиште има отворен и затворен дел и е направено според најсовремени стандарди.

Во рамки на настанот „За европска Зоолошка“ настапија членовите на „Златно славечје“ и детската атракција Пет+бенд.

Поврзани новости