Српските дипломати се вратија во Скопје, продолжуваат разговорите за случувањата меѓу Македонија и Србија

by Fokus

Персоналот на српската амбасада се врати во Скопје, а амбасадорката Душанка Дивјак ќе се врати на должност на 31 август, а ден потоа, ќе има средба со премиерот Зоран Заев.

Од друга страна, денеска во Ниш ќе се сретнат министрите за надворешни работи на Македонија и Србија, Никола Димитров и Ивица Дачиќ, каде што тема ќе биде неколкудневниот дипломатски спор, што настана откако Белград го повлече пресоналот од Амбасадата во Скопје.

Додека пак, за утре е најавена и средба на двајцата премиери Заев и Брнабиќ, за време на неформалниот состанок на земјите од Западен Балкан во Драч.

Поврзани новости