СДСМ: Од октомври со враќањето на евтината струја ќе се намалат трошоците на граѓаните

by Fokus 10:26
10:26

За разлика од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, која ја укина евтината дневна тарифа на струјата и ги осиромаши граѓаните, владата предводена од СДСМ го исполни ветувањето кон граѓаните и ја врати евтината дневна тарифа на струјата, тврдат од владејачката партија.

– Со стартувањето на оваа мерка ќе се намалат трошоците за живот бидејќи граѓаните ќе имаат можност да генерираат заштеди на сметките што ги плаќаат за струја. Дадените ветувања и зацртаните реформи се реализираат, парите се враќаат кон граѓаните. Од октомври граѓаните на Република Македонија ќе имаа можност секоj работен ден да користат дневна евтина тарифа по два часа во интервалот од 14 до 16 часот, исто така, евтина тарифа ќе можат користат и секој работен ден од 22 до 7 часот наутро, а за време на викенди, во неделите, евтината тарифа ќе биде достапна 24 часа – се наведува во партиското соопштение.

 

- Advertising -

Поврзани новости