Четворица повредени во 12 сообраќајки во Скопје

by Fokus

Во изминатото деноноќие во Скопје се евидентирани 12 сообраќајни несреќи во кои полесно се повредени четири лица.

Сообраќајната полиција санкционирала 22 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената, шест кои поминале на црвено светло на семафорот, шест ги управувале своите возила без возачка дозвола, а 39 непрописно ги паркирале своите возила.

 

Поврзани новости