375
Персоналот на српската амбасада денеска се враќа во Скопје, соопшти МНР, додека амбасадорката Душанка Дивјак Томиќ се враќа на 31 август.
Како што пренесува Танјуг, претседателот на Србија Александар Вучиќ во Белград ќе ја прими македонската амбасадорка Вера Јовановска Типко, а средбата меѓу нив двајцата треба да се одржи во 11 часот.
Од српското МНР информираат дека министрите за надворешни работи на двете земји, Ивица Дачиќ и Никола Димитров, утре ќе имаат средба во Ниш на која „по пат на дијалог ќе почнат со решавање на отворените прашања со цел унапредување на пријателските односи меѓу двете држави и двата народа“.