Брисел го поздрави договорот меѓу Заев и Вучиќ

by Fokus

Европската унија денеска го поздрави решавањето на билатералното прашање меѓу Србија и Македонија.

Според нив, по постигнувањето договор од пет точки меѓу македонскиот премиер Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ, во Европската комисија оценуваат дека прашањето е решено со „конструктивен пристап“ од обете страни.

– Го поздравуваме фактот што овој случај е решен на конструктивен начин. Меѓусебната почит, добрососедските односи и јакнењето на регионалната соработка остануваат основа за европскиот пат на целиот регион – порача портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчиќ во изјава за Танјуг.

Поврзани новости