Српскиот режисер Алексиќ досега го пријавиле 6 ученички за силување

by Фокус

Познатиот српски режисер и сопственик на училиште по глума, Мирослав Мики Алексиќ, кој е осомничен за силување и сексуално вознемирување на најмалку шест ученички, се товари дека делата ги извршувал од 2008 до 2020 година.

Според српск и Блиц, од шесте девојки кои досега го пријавиле во полиција тој се сомничи дека делата ги извршувал од 2008 до 2013 година и од 2018 до 2020 година.

Полицијата се сомнева дека има и други жртви, па ги повика да се охрабрат и да ги пријават случаи во полициските станици.

Според информациите на Блиц, на Алексиќ му се ставаат на товар осум поединечни дела за силување.

Некои од девојките кои досега го пријавиле ги силувал повеќе пати, а седум пати го извршил кривичното дело сексуално вознемирување.

Тамошниот Закон за сексуално вознемирување го дефинира и вербалното, невербалното или физичко вознемирување кое има за цел да го повреди достоинството на лицата во сферата на сексуалниот живот, а предизвикува страв и понижување.

Алексиќ заработи кривична пријава која го терети дека девојките сексуално ги вознемирувал, а некои ги силувал додека биле малолетни. Првото дело кое му се става на товар, се вели дека го извршил во 2008 година.

Петтата и шеттата жртва го пријавиле дека ги нападнал од 2018 до 2020 година. Едната во пријавата навела дека во рок од една година Алексиќ ја наднал четири пати, а другата рекла дека сексуално била злоупотребена од нејзиниот наставник еднаш.

Алексиќ во понеделникот беше сослушан во Вишото јавно обвинителство во Белград, каде ја изнесе својата одбрана. Тој, пред обвинителот ги негирал делата кои му се ставаат на товар и нагласил дека „ништо не е точно“.

Поврзани новости