Словенија најавува вакцинација на 70 отсто од населението, Црна Гора договори кинеска вакцина

by Фокус

Словенија најавува дека 70 отсто од населението би можело да биде вакцинирано до почетокот од летото, порача премиерот Јанез Јанша.

-Според планираните испораки на вакцината, до почетокот на летото Словенија веќе може да постигне 70-процентно вакцинирање на населението против болеста Covid-19, и така практично да ја заузди епидемијата, барем во рамките на нашите граници – рече Јанша.

Инаку, Словенија порача 2.757.948 дози од вакцината на „Pfizer/BioNTech“ и 470.000 дози од вакцината на „Moderna“, што вкупно сочинува 3.227.948 дози од вакцините кои се веќе одобрени во ЕУ. Тоа значи дека Словенија веќе обезбедила вакцини за 1.613.974 целосни вакцинирања со двете дози.

Кога станува збор за нарачените дози од вакцините кои сѐ уште не го добиле одобрувањето од Европската агенција за лекови (ЕМА), Словенија има 1.397.336 дози нарачани од ‘Astra/Zeneca’, 1.039.880 дози од ‘CureVac’ и 940.000 дози од ‘Jenssen’.

Во меѓувреме, Црна Гора договори до крајот на месецов да ја добие кинеската вакцина против корона вирусот, а, како што најавуваат црногорските власти, вакцната ќе започне со Фајзер.

Поврзани новости