Градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, на фејсбук објави фотографија од неформална средба во ресторан со пратеникот Изет Меџити, како и поранешните вицепремиери Муса Џафери и Садула Дураку.
-Ние денеска сме на заеднички ручек, редовна средба би рекол, бидејќи не седиме само ние четворица, има и други луѓе, и јас седам со други луѓе, сигурно и тие седат со други луѓе и нема никаква поврзаност со тоа што го зборувате – изјавил Беџети за ТВ 21.
- Advertisements -
Инаку, четворица функционери на ДУИ, пред се Меџити, во последно време упатуваат знаци на негодување кон дел од сопартијците во владата, пред се вицепремиерот Артан Груби и министерот за надворешни работи Бујар Османи.