Српската полиција воспоставува контрола, но демонстрантите демолираа се околу собранието

by Фокус

Српската полиција успева да воспостави контрола над просторот околу народното собрание, каде денес се собраа илјадници граѓани кои протестираа по повод новите рестрикции против корона вирусот.

Сепак, во судирите меѓу полицијата и демонстрантите неколку полицајци се повредени, а беа запалени и полициски возила.

Сепак, и полицијата не беше нежна кон демонстрантите, со оглед дека униформираните но и цивилните полициски службеници совладаа и приведоа десетици демонстранти.

Во судирите дојде и до повредени на новинарски екипи кои ги следеа случувањата на лице место.

Инаку, полицијата ја активираше и коњичката единица, а донесе и кучиња, додека револтираните демонстранти демолираа се наоколу.

Српските медиуми пишуваат дека Драган Џилас стои зад протестите, на кои беше избркан некогашниот негов сопартиец Вук Јеремиќ.

Меѓу оние што на кратко упаднаа во парламентот, пак, беше поранешниот член на Двери – Срѓан Ного.

Поврзани новости