Од денес стабилно и суво време

by Фокус

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен во претпладневните часови и долж Повардарието. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени. Во крајните југоисточни предели истата има услови да достигне до околу 35 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, максималната дневна температура ќе се искачи до околу 29 степени.

Потоа и во следните денови ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Исклучок ќе биде викендот кога ќе има услови за локален краткотраен дожд и грмежи во попладневните часови.

Поради повторен продор на топла воздушна маса од југ, температурите на воздухот ќе бележат тенденција на пораст и следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени, особено за време на викендот.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости