Средношколците прифаќаат онлајн настава, но најавија и бојкот

by Fokus

Бленди Ходаи од Сојузот на средношколци во Северна Македонија денеска порача дека средношколците ќе почнат со онлајн настава, но само до моментот кога ќе се подобри епидемиолошката слика.

„Ниту еден ученик не смее да биде лишен од ова основно право на образование. Ќе почнеме онјалн, но ако се подобри состојбата, сакаме комбинирана настава. Доколку тоа не се случи во ноември, ние ќе ја бојкотираме наставата. Ова не треба да се сфати како компромис со Владата, туку јасно барање на средношколците“, истакна Ходаи.

Поврзани новости