Сообраќајка во Велес, мотоциклист итно хоспитализиран

by Fokus

Вчеравечер во Велес се случила сообраќајна незгода, во која со тешки повреди се здобил мотоциклист при што веднаш бил префрлен во болница.

„На 29.09.2020 во 21.30 часот било пријавено дека на ул.„Благој Ѓорев“ Велес се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „бмв“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(42) од Велес и мотоцикл „гилера“, управуван од Д.З.(32) од Велес.

Во незгодата, информираа денеска од МВР, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Велес“, додаваат од МВР.

Поврзани новости