Средношколците на средба со Заев го потврдиле договорот за државната матура

by Фокус

Премиерот Зоран Заев попладнево одржа средба со претставниците на Сојузот на средношколци, на која, како што соопштија од Владата, било посочено дека останува претходно договореното решение во однос на државната матура за полагање на два екстерни предмети останува.

Преговорите, како што посочуваат од владината прес-служба, продолжуваат во работни групи во делот на изнаоѓање најсоодветен концепт, односно модел за изведување на интерните предмети.

Воедно, присутните на денешната средба се согласиле и ја поздравиле одлуката низ дијалог да се изнајде најсоодветното компромисно решение, кое ќе ги доведе во рамноправна положба сите матуранти да можат да го остварат своето идно образование.

Поврзани новости