Срдечен поздрав меѓу обвинетиот прислушувач и прислушуваниот новинар

by fokus

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, осомничен во предметот “Таргет -Тврдина” за масовно прислушување дојде меѓу последните во суд на рочиштето закажано за денеска на пладне.

Пред судницата веќе беа дојдени новинарите кои биле прислушувани во УБК додека тој беше шеф на тајната служба. Сепак Мијалков кога влезе пред судница првиот поздрав го имаше со новинарот Борјан Јовановски.

По сведочењето на Јовановски, адвокатот Љупчо Шврговски му се обрати на судот “судија ова е сведочење, три минути”.

Шврговски имаше забелешки дека во сведочењата новинарите се расплинувале во детали кои не биле битни за кривичната постапка.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости