Сè уште нема донесено одлука за отворање на границите во регионот

by Fokus

Заедничката регионална работна група за отворање на границите сè уште нема донесено одлука, но интензивно работи на тоа. Кога ќе биде постигнат консензус, ќе се одржи состанок на кој ќе биде донесена и одлуката, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој потврди дека неколкупати е одложувана оваа дискусија бидејќи работната група доцнела со комплетирање.

Тие дискусии сè уште се на ниво на споделување на информации и градење канали за комуникација помеѓу сите овие земји, за можно предупредување за некои ризични региони.

Единствено што засега може со сигурност да го каже е дека не се планира карантинот како мерка, кој беше применет на почетокот на пандемијата.

Во оваа работна група има лекари и епидемиолози од повеќе земји од Западен Балкан и од Бугарија и Грција, а проектот е поддржан и aмериканската амбасада. Целта е да се обезбеди заедничка политика за границите бидејќи проценките се дека ниту една национална политика нема никаква логика ако се границите затворени, рече Филипче на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање дали се планира наскоро отворање на границите во регионот.

Поврзани новости