Србија ни донираше 20.000 дози од руската вакцина „Спутник В“

by fokus

Денеска пристигна нова пратка со вакцини од 20.000 дози, како нова донација од Србија. Станува збор за руската вакцина „Спутник В“.

-Стигна втора донација од Србија, два пати по 20.000 вакцини Спутник, за да продолжи масовната вакцинација. Србија ни помогна со првите дози 8.000 вакцини Фајзер, а сега повторно ни помагаат во овие тешки моменти, истакна премиерот Зоран Заев, кој истакна голема благодарност до владата на Србија.

Поврзани новости