Special Kid Vision- Совршена формула за очно здравје кај децата!

by fokus

Барајќи малку слободно време за себе, родителите често ги оставаат своите деца да се забавуваат со таблетите или телефоните. Гледањето во екраните го оштетува видот и доведува до развој на разни болести на очите.

Децата кои своето време го поминуваат пред екраните ги напрегаат своите очи многу повеќе од оние кои си играат на улица.

На полиците во Зегин можете да го најдете првиот сируп за заштита на очите на вашето дете.Погрижете се за здравјето на детските очи затоа што добриот вид е од исклучително значење за развојот на детето. 80% од она што го учат децата во првите 12 години од животот доаѓа преку очите.

Бидејќи живееме во ера кога луѓето се изложени претежно на индустриска исхрана во која често недостасуваат битни нутриенти и микроелементи од суштинска важност за здравјето, последично се разви и потребата од додатоци во исхраната кои ги надополнуваат недостатоците. Ова е од особена важност за оние кои се во развој и растат – децата! Од друга страна, времето во кое живееме, технолошката и комуникациска револуција, постојаното гледање во телефони, екрани, таблети и сл., додатно го оптеретува нашето главно сетило – видот. Децата се од најрана возраст изложени на тој екстра стрес на очите, поради што е високо препорачлива додатна поддршка на органот за вид. Во таа смисла, компониран е посебен препарат кој ги содржи клучните компоненти за поддршка и одржување на здравјето на очите кај најосетливата популација – децата! Сирупот содржи активни состојки кои се познати по особините важни за одржување на здравјето на очите: витамин А и Б, видова трева (Euphrasia officinalis), како и цинк и боровинка која придонесува за нормална функција на очите.

Поврзани новости