Заев од Берлин: Одложувањето на преговорите ќе го запре спроведувањето на Преспанскиот договор

by fokus

Премиерот Зоран Заев вечерва во Берлин на годишниот прием на Здружението за Источна Европа на германското стопанство порача дека Владата очекува отворање на пристапните преговори со ЕУ овој јуни.

-Сметаме дека заслужуваме одлука втемелена на постигнувањата. Одложувањето на таквата одлука ќе се смета за негативно и ќе има негативни ефекти. Која било друга одлука освен онаа за отворање на поглавјата за преговори негативно ќе се одрази на внатрешните политички процеси и ќе ја стави под знак прашалник стабилноста на владината коалиција. Дополнително, ќе ја разбуди разочараноста кај граѓаните, ќе го запре имплементирањето на Преспанскиот договор и ќе нанесе штета на динамиката на реформите. Тоа ќе го дополни со гориво ултранационализмот на нашите претходници во владата, нешто што јас и моите колеги го отфрливме, рече Заев.

Поврзани новости