Спасовски за вчерашните „бомби“: Не ги слушнав разговорите, но тие не доаѓаат од СДСМ!

by Фокус

Техничкиот премиер Оливер Спасовски предмалку на прес-конференција во владата истакна дека разговорите што вчера беа објавени меѓу пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милишоски, екс претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски и други лице не произлегуваат од СДСМ.

-Се тоа што го имаше СДСМ како материјал го предаде во СЈО и веќе нема ништо од материјалот во седиштето на партијата, ниту има потреба да има. Јас не ги слушнав разговорите, знам само дека се објавени некакви материјали. Институциите да истражат, да работат ефикасно и да ги откријат тие што ова го прават – рече Спасовски.

Притоа, тој не одговори директно на прашањето дали ќе биде носител на пратеничката листа на коалицијата на СДСМ во втората скопско-кумановска изборна единица, туку само истакна дека тоа ќе се знае во понеделник.

Поврзани новости