Ахмети порача дека ДУИ останува дел од мнозинството со СДСМ

by fokus

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан изјави дека тие се дел од мнозинството и нема да го прекршат договорот со СДСМ.

-Ние ги дадовме нашите потписи за парламентарно мнозинство и не планираме да ги прекршиме нашите ветувања. Се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе ги надоместат разликите и во интерес на државата ќе најдат решение за да продолжат институциите да функционираат. Ние не сме бунтовници да завземаме институции. Се надевам дека ќе се најде начин на мирен начин да се најде прифатливо решение, рече Ахмети.

 

Поврзани новости